Втората паркинг платформа пред фининална фаза

Пред четири месици означиениот старт на  почетокот на реализација на проектот втора паркинг платформа, денес пред завршен министерски увид. Станува збор за реализирање на капитална инвестиција од страна на Општина Штип и Бирото за регионален и рамномерен развој преку Центарот за Источен плански регион.   Новата втора по ред паркинг платформа денес го блокираше накратко сообракајот во централното градско подрачје.

Лоцирана по течението на река Отиња, кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, во непосредна близина на веќе постоечката паркинг платформа. Оваа нова инвестициј е тешка е околу 17,8 милиони денари, од кои половина ќе ги финансира Општина Штип, а половина Центарот за Источен плански регион ќе значи олеснување на движењето на сите грагани и лицата кои имаат отежнато движење.

Изградбата на оваа, втора платформа, секако е од големо значење, бидејќи ќе се намали проблемот со паркирањето во централното градско подраче, со кој секојдневно се соочуваат штипјани, особено по растечкиот тренд за зголемување на индустриските и образовните капацитети во своевидниот центар во источниот регион.

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет