
Министерот за Транспотрт и врски, Благој Бочварски денес во обиколка и увид на тековните активности поврзани и со гасификацијата на неговиот град. Штип котира прв на ранг листа со веќе подготвени проекти за имплементација на еден од најкапиталните енергетски проекти во државата. Бочварски вели дека Штип може да влезе во практична реализација на гасификацијата. Се работи за 21 километарска секундарна мрежа.
Штипската гасификација е во финална фаза – станува збор за основниот проект и инфраструктурниот проект. Идејниот проект е готов. Владата ја даде целосната поддршка за гасификацијата, а тоа значи побрз и поефикасен влез во гасифицирањто со што ќе се намалат трошоците на компаниите, на општинските институции.
Проектот гасификација значеше и промоција на идејата за јавно приватно партнерство, по кое сеуште се трага а за која се слуша од пред неколку години, кога имаше и заинтересирана компанија да влезе во партнерство со Општината Штип.
Како што е предвидено, во првата фаза ќе се гасифицираат компаниите и објектите на влезот од градот во индустриската зона, каде се наоѓаат и странските инвестиции, но и неколку поголеми штипски компании. Овој дел е најблиску до приклучокот, кој води кон кракот Неготино. За општината е примарно општинските институции за добијат гас, со што би се намалиле сметките за струја. Оптимистичките најави се идната година Штип да биде барем делумно гасифициран.
Маре Стојилова М нет
Дарко Лазев М нет