Мицкоски: Процесот на изградба на штипската клиничка болница мора што поскоро да продолжи

Процесот на изградба на Штипската клиничка болница мора да продолжи, посочи премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета во Штип. Воедно да се заврши изградбата на болницата во Кичево. Овие проекти се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ во која се обврзуваат дека ќе го сторат започнатото.

„Штипската клиничка болница мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба , тој е дел од програмата на ВМРО- ДПМНЕ како политичка партија и тука да немате дилема истовремено се врзавме заедно со штипската клиничка болница да го завршиме проектот конечно и за болницата во Кичево“ вели Мицкоски

Моментално се очекува успешно да биде избран најповолен понудувач за да во иднина тој успешно го заврши започнатиот проект.

„Очекуваме преку една транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен зборувам успешно да биде избран најповолниот понудувач а потоа тој да го заврши успешно и проектот. Мислам дека тоа многу скоро ќе се случи кога ќе заврши процесот на транзиција во Владата.“ посочи Мицкоски

Инаку изградбата на штипската клиничка болница е започната во 2016 година а забавување на процесот е забележано есента во 2017 година откако за банката- кредитор биле успешна само првата година ипол од градбата. Само за оваа болница се одвоени 97 милиони евра каде Македонија ги добила од Банката за развој на Советот на Европа. Додека болницата во Кичево со изградба започнала во 1985 и од тогаш па до денес се уште не е завршена. Според планот граджните објекти треба да завршат оваа година каде потребната сума на пари изнесува еден милион евра.

Лаура Стојанова, М-Нет