Нови 20 пожари во државата тежок пожар забележан во село Главовица во Кочани, Ангелов аплеира граѓаните да бидат внимателни

Новиот топлотен бран донесе и нов број на пожари на територијата на државата. Според информациите регистрирани се 20 пожари од кои десет од нив се изгаснати а два се ставени под целосна контрола. Состојбата се менува неконтролирано каде се појавуваат нови жаришта, посочи директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

„На територијата на државата имаме 20 пожари досега од нив изгаснати се десет, два се ставени под целосна контрола, додека осум се уште се активни. За жал состојбата се менува од минута во минута и постојано избиваат нови пожари“ вели Ангелов

Регистириран е еден пожар на територијата на општина Кочани, поточно во атарот на селото Главовица, од утринава на терен се испратени два хеликоптери од кои еден полициски и еден армиски. Во гасењето на пожарот учествуваа и припадници од Национални шуми како и доброволци пожарникари од Кочани

„Наредниот тежок пожар се наоѓа на територијата на општина Кочани денеска се наоѓа во атарот на село Главовица овде утрово испративме два хеликоптери, еден полициски и еден армиски кои што помагаа на локалните пожарникари но меѓудругото имаме припадници на Национални шуми како и неколку добороволци пожарникари од Кочани.“ посочи Ангелов

Моментално по контрола се ставени двата пожари кај Серта во долниот дел на Штип кој се движел во насока од Воениот полигон Криволак во насока на реката Брегалница, како и пожарот во Делчево каде горела депонија

„Под контрола се двата пожари и тоа кај Серта во долниот дел на Штип кој се движѓеше од Воениот полигон Криволак во насока на реката Брегалница, како и еден пожар во Делчево каде што гореше депонијата.“ изјави Ангелов

Во овој момент Ангелов апелира до граѓаните да бидат премногу внимателни бидејќи не очекува период со високи температури, без врнежи каде се зголемува и можноста од нови пожари.

Лаура Стојанова, М-Нет