Барање недела за работен ден, прекувремена работа, неисплатени часови, низа законски прекршоци во Истокот

Воведување на недела како работен ден, работење над предвидентиот број законски часови, недоволна исплата, се едни од законските прекршоци кои се евидентирани кај неколку бизнис сектори од источниот регион посочи Кристина Ампева од здружението „Гласен текстилец“. За таа цел се прават контроли за да се изврши увид на ситуацијата

„Имаме дел од работодавачи каде дел од работниците не се синдикално организирани каде што почнале да воведуваат недела да биде работен ден наспорти моменталното законско решение. Веќе две недели во координација со државниот трудов инспекторат од Штип се прават контроли за да се види дали субјектот се уште работи во недела. Во едно предупредување дека се знаат казните во врска со работењето во недела“

Законски прекршоци се евидентирани во Македонска Каменица, Македонски Брод, Штип и Битола. Во овие градови работниците се најзасегнати и се наоѓаат во безизлесна ситуација. Наводно во Македонска Каменица работници работат по 11 часа три пати во неделата, додека во Битола работниците биле задржани да работат прекувремена работа и биле непријавени од страна на работодавецот.

„Воедно во Македонска Каменица имаме случаи каде што работници работат три пати во неделата по 11 часа вообичаено по осум сепак се префрлени дека работат само два часа дневно односно дека работат десет часа неделно што воопшто не е точно. Денеска е испратенао барање за инпекциски надзор заради ова. Во Битола работодавач решил дека треба да има непријавени работници и дека треба да ги држи затворени да работат прекувремена работа“

Ампева е децидна дека нема да отстапи од ова барање, бидејќи доколку се случи недела да биде работен ден тогаш тоа е на шетата на работниците.

„Нема да отстапиме од тоа недела да остане неработен и во едно моменталните законски решенија навистина се строги односно се однесува на тоа дека ќе имаат првично 15 дена забрана да вршат било каква дејност и сето тоа ќе биде на нивна штета а не на штета на работниците тоа морат да бидат свесни.

Воедно таа апелира до новата Влада да остварат средба како организација каде ќе имат можност да ги пренесат секојдневните ситуации во кој се наоѓаат голем број на работници

„Апел до новата Власт да не прими како синдикат како организации за да им кажеме зошто е п0обарана таа недела како неработен ден, колку работниците се соочуваат со работење прекувреме нас законски определенеиот број часови меѓутоа истото не им е платено и не им е евидентирано.

Доколку ситуацијата не се подобри во иднина тогаш се појавува закана поголем дел од овие фирми да бидат празни и да се увезуваат работници од Непал и Бангладеш каде досегашните резултати покажаа дека и тие се непостојани и од Македонија мигрираат во другите држави.

Лаура Стојанова, М-Нет