
За утре со почеток од 12 часот Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го закажа извлекувањето за натпреварувачката сезона 2025/2026 во Првата и Втората македонска фудаблска лига, како и за 1/16 финалето од Купот на Македонија.
Извлекувањето ќе се спроведе согласно пропишаните правилници, во присуство на претставници од клубовите и надлежните тела на Фудбалската федерација на Македонија.
Како што е познато новата сезона во Првата лига ќе започне на 8 август, а со стартот на новата сезона во фудбалската елита на Македонија свое деби ќе има и ВАР технологијата. Како новитет во Првата лига ќе биде тоа што натпреварите ќе се играат во три денови односно петок сабота и недела.
Втората лига ќе започне на 23 август, а утре ќе биде познато кога ќе се одиграа и првите натпревари од Купот на Македонија односно од 1/16 финалето.
Александар Ванев, М-Нет