
ВМРО – ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше мерките, а сега кога ги донесуваат малку модифицирани, веќе се задоцнети, рече лидерот Христијан Мицкоски. Според него, парламентот ги подржа, но прашањето е: зошто навреме не се реагираше?
„Не мислам дека сетот мерки се доволни затоа што е задоцнет. Тие коишто се суштински ВМРО – ДПМНЕ уште одамна ги предлагаше, но поради надменоста на оваа Влада и самобендисаноста тие не ги прифатија тогаш. Еве, сега малку модифицирани ги доставија. Иако знаеле дека уште пред четири месеца ќе дојде до оваа, вистинското прашање е зошто навремено не реагираше и не се подготвиле. Никој веќе не верува во капацитетите на оваа Влада“, рече Мицкоски.
Како што додаде тој, постојат два паралелни света, оној во кој граѓаните едвај крпат крај со крај и оној каде послушниците на заевизмот во кој е прв Ковачевски печалат на грбот на граѓаните.
Ребека Спасова М-Нет