
За претседателското место на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип освен двајцата директори на јавното претпријатие, пријавени се уште осуммина кандидати. Во трка за местото на сегашниот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, се и Димитар Белиќ, Бранко Горгиев, Душко Иванов, Бојан Кереместевски, Кирил Зајков, Васко Арсов, Дејан Здравков и Тоше Ристов – Роза.
Белиќ е член на партијата од свои 18 години, а потекнува од стара штипска фамилија. Од 2011 до 2016 година беше Генерален секретар на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, претседател е на месен комитет и беше дел од советничката листа на локалните избори во 2021 година.
Бранко Горгиев по професија е економист, а од 2006 година е раководител на одделот за водовод и канализација во ЈП „Исар“. Од 2011 до 2016 беше заменик претседател на УМС и исто така дел беше дел од советничката листа на локалните избори во 2021 година.
Душко Иванов, пак, е член на партијата од 1992 година. Во сегашниот состав е потпретседател на Општинскиот комитет, а е и актуелен советник во Советот на Општина Штип, каде е и координатор на советничката група. Од неодамна со решение на градоначалникот е и заменик градоначалник на Општина Штип.
Актуелен советник во Советот на Општина Штип е и Дејан Здравков. Бојан Кереместевски, пак, е некогашен претседател на Унија на млади сили Штип, а Кирил Зајков е претходен раководител на Царина во Штип. Тоше Ристов – Роза е некогашен директор на ЈП „Исар“.
Пријавувањето за јавниот повик заврши во понеделник, по што следуваат неколку фази на интервју и селекција на кандидатите, а за неколку недели Извршниот комитет ќе донесе одлука.
Ребека Спасова М-Нет