
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на ден 07.05.2026 година со почеток во 12.00 часот да присуствувате на одбележувањето на 7-ми Мај, денот на полицијата, посветен на професионалноста, пожртвуваноста и посветеноста на полициските службеници во служба на безбедноста на граѓаните на државата. Свеченоста ќе се одржи на Градскиот Плоштад-Слобода во Штип на ден 07.05.2026год,со почеток во 12.00часот,каде во рамки на настанот ќе бидат реализирани активности и тоа : -Директна комуникација со граѓаните и споделување на превентивни совети како и презентирање на едукативни кампањи со цел за поголема безбедносна култура во општеството. -Презентација на опрема и материјално технички средства со кој располага СВР Штип. -Пригодна програма и активности со кои ќе се одбележи значењето на полициската професија и нејзината улога во Општеството. Вашето присуство ќе преставува чест и значајна поддршка за унапредување на меѓуинституционалната соработка и заедничките заложби за сигурна и безбедна заедница. Со почит Началник на СВР Штип Игор Јаковлевски
Дајана Сандева, М-Нет