
Ширината и убавината на моето родно село Сарчиево ме воодушевува и затоа секое слободно време го користам овде, вели Весна Јовановска. Таа во сопствениот двор со својот сопруг за мерак на душата чуваат мисирки, гуски и шатки. Бидејќи тие се многу интересни и многу сакаат да се бањаат во дворот има направено и базен.
“Јас сум родена во ова село, овде се мајка ми и татко ми од овде и ова овде мојот татко ми го поклони. Ние си доаѓаме за викендите со сопругот, децата ми доаѓаат овде. Собираме за заради водухот, секој сака да си дојде во родното село, јас овде си доаѓам. Иако нема ниту продавници за леб, па мора да се отиде до градот и да се купи, Јовановска вели дека Сарчиево е многу мирно место во кое можеш да уживаш во времето поминато на чист воздух далеку од градскиот метеж”, истакна Јовановска
“Чуваме овде живина и мојот сопруг доаѓа секој ден бидејќи мора да им стави тазе вода, мора да и ставе жито, да ги пушти да пасат. Бидејќи тие сакаат да пасат, овде нема скоро ништо, продавници нема, мора се што ти треба да си купеш од градот и да си донесеш. Младите доаѓат сега како се направи пато, почесто идат, но си одат затоа што се обврзани со работа во градот.”, додава Јовановска
Во минатото во дворот на Јовановска имало и друга стока, но поради секојдневните обврски во дворот сега останале само четири мисирки, осум гуски и девет шатки. За да се одгледуваат многу е важно да се има тазе вода, затоа што тие постојано шетаат.
“Чувавме и друга стока, но голема обврска е и затоа сега само на живината останавме, поради мерак. Им направивме и базен на шатките и гуските бидејќи сакаат вода, сакаат да се бањат, си извадивме вода лани. Има четири мисирки, осум гуски, девет шатки и кога дојдеш овде некако ширината, самиот воздух, во градот во станот, ѕидови се е едно. Овде е многу добро и воздухот е чист и секој сака во своето родно село да си дојде. Убаво е чувството кога ја гледам ширината на полињата, чистотата на воздухот и мирот во Сарчиево. Тие бараат вода да се бањаат постојано, па и ноќе во сред зима тие се во водата, не барат многу некоја обврска им ставаме жито и само да пасат, тие сакаат трева и вода многу. Затоа им направивме и базен, ја менеиме секој ден водата, осбено во летниот период затоа што одат во калта и потоа се бањаат” додава Јовановска
Додава дека секој сака да си дојде во своето родно село, да се надише чист воздух, да се наврати на убавите спомени од минатото,но и да помине време далеку од градскиот метеж.
Лаура Стојанова, М-Нет