
За изминатата сезона во Првата женска фудбалска лига убедливо најдобар стрелец со 47 постигнати погодоци е 25-годишната Улза Максути од струшки Ас Јунајтед.
На второто место на листата на стрелци е Бразилката Присцила Едита Силва од шампионот Љуботен со 37 постигнати погодоци. Теодора Шопов од Тиверија е на третото место со 31 гол, потоа на листата на стрелци за изминатата сезона 2023/2024 во Првата женска фудбалска лига е Викториа Талита Анваренга Диас од Љуботен со постигнати 23 погодоци.
По 22 погодоци изминатата сезона постигнаа искусната Афродита Салихи од тетовска Шкендија и Бразилкат Туане Де Соуза Фрагосо од Каменица Саса. 19 погодоци постигна Ана Димитровска од Каменица Саса, Хава Мустафа од Шкендија има 15 погодоци, Рабија Дервиши од екипата на Скопје и Јапонката Нанока Иригучи од Каменица Саса постигнаа по 13 погодоци.
По 12 погодоци имаат Теона Галабовска од Тиверија, Анастасиа Илиевски од Топ Гол и Маријана Јанков од Тиверија. Изминатата сезона беа постигнати десет автоголови.
Шампион за претходната сезона е екипата на Љуботен, а вицешампион беше Каменица Саса. Од елитата испадна прилепска Деспина, а Топ Гол го совлада Вардар во баражот и се избори за опстанок.
Александар Ванев, М-Нет