Министерство за здравство ќе вработува млад медицински кадар

Младите лекари кои се вклучија во борба против ковид-19 во државата можат да се надеваат на постојано вработување.

Нивното ангажирање во тимовите во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со КОВИД 19 е забележано од Министерството за здравство, од каде велат дека е започнат процесот за обезбедување финансии за нивно трајно вработување.

За секој дипломиран доктор на медицина, кој веќе поседува лиценца веднаш почнува со шестмесечна пракса, која првпат е платена со 30,000 денари месечно, а одобрени се 1000 специјализации и супспецијализации, исткануваат од министерството.

За соодветното вреднување на младите лекари во државата, ресорното министерство веќе има дадено согласност за 5000 вработувања, а колку од нив ќе се однесуваат на нови вработувања во штипската клиничка болница ќе се дознае во наредниот период.

Директорот, д-р Ален Георгијев вели дека од почетокот на пандемијата во Клиничката болница нема евидентирано нов медицински персонал, но доколку од Министерството за здравство одобрат финансиски средства, ќе има нови вработувања и во Штип.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ

Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ