
Денес е последниот уписен рок за средните училишта за оние ученици кои биле упатени на поправни испити.
Во разговори со директорите на дел од штипските средни училишта дознаваме дека и покрај неизвесноста со корона кризата сепак имало заинтересирани ученици. Бројот е мал, но добредојден за секое училиште.
Тамер Јамаковски, директор на Гимназијата „Славчо Стојменски“ рече дека има поднесено две нови пријави, со што вкупниот број на заинтересирани ученици кои сакаат да го продолжат своето образованите во штипската гимназија изнесува 158.
Во СОУ „Коле Нехтенин“ има три нови пријави, но, пет ученика кои во претходните уписни рокови поднеле документи во ова училиште се предомислиле и ги повлекле документите. Директорот Дејан Павлов истакна дека причината била намалените бодови за упис во средното медицинско училиште „Јане Сандански“ .
Се обидовме да стапиме во контакт со директорката Емилија Рамбабова, од која очекуваме во наредните денови освен за тоа, да добиеме информација и за вкупниот број запишани.
Иако се` уште нема информација од Министерството за образование на кој начин ќе се изведува наставата во наредната учебна година, дали онлајн или со физичко присуство сепак, дел од штипските директори велат, училиштата се подготвени за било кој начин да биде одлучено.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ДАРКО ДОНЕВ