Министерката Јаневска на увид во просториите за продолжена настава во ОУ ,,Ванчо Прќе“- Ново Село

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денес изврши увид на реконстркцијата на просториите за дневниот престој во подрачното ОУ,,Ванчо Прќе“ во штипско Ново Село. Од таму таа посочи дека престојот е од исклучителна важност за учениците, затоа што тие ќе поминуваат повеќе време на училиште со што ќе го збогатат своето знаење. Паралелно на ова таа рече дека од друга страна со ова ќе бидат растеретени и родители.

,,Овде во Штип сум присутна на увид на тоа како се спроведува проектот на владата за едносменско работење, односно на убвид на овој објект каде што ке се одржува целодневен престој на учениците. Дневниот престој е важен за учениците, затоа што ќе поминат повеќе вреем на училиште и на тој начин можат да го збогатат своето знаење. Ќе се социјализираат, ќе стекнуваат вештини и компетенции, кои досега ги немале можност да ги стекнуваат. Родителите ќе бидат растеретени за грижата за децата, а државата ќе заштеди на трошоците кои ги има, кога не е спроведена оптимизацијата. Подолгиот престој во училиштата е поврзано со отимизација на училишната мрежа.“, рече Јаневска

Градоначалникот Иван Јорданов, од таму истакна во ова училиште се реконструирани четири простории, заедно со тоалетите и ходниците, активностите продолжуваат и во останати училишта.

,,Имаме можност за искомуницираме во однос на реализација на проекти во образованието со поддршка на министерството за образование, а ги има многу. Денес сме во ОУ Ванчо Прќе. Овде направивме една оптимизација на ресурсите со кои што располагаме, со реконструкција на просториите. Веќе се згрижени, се одвива образоваен процес на повеќе од 80 ученици од ОУ Ванчо Прќе по барање на родителите. Четири простории се реконструираа заедно со тоалетите, заедно со ходниците. Не е само оваа инвестиција која што ја реализираме со МОН. Сакам да најавам и дека проектот за реконструкција на кровот на гимназијата Славчо Стојменски во следните месеци ќе започне со активности за изведба. Овде ќе ја напоменам и реконструкцијата на спортската сала во ОУ Димитар Влахов, која е потреба и барање на учениците. Исто така заврши и тендерската постапка за реконструкција на спортската сала во ОУ Тошо Арсов.“, рече Јорданов

Инаку, дополнително градоначалникот Јорданов најави и активности за реконструкцијата на кровот на штипската гимназија Славчо Стојменски во следните месеци. Тој информираше дека тендерската постапка за реконструкцијата на спортската сала на ОУ Тошо Арсов е веќе завршена.

Иван Митев, М-Нет