
Чудотворната икона на Св. Нектериј Егински од денес е новиот заштитиник на Штип, откако вчера пристигна од Егина Р. Грција. Познатиот светител, кој излекувал 1000 луѓе во светот од секакви болести, сега ќе биде застаспник за болните и сила на слабите. Неговиот исцелителна икона од вчера е сместена во новиот штотоку осветен храм посветен на св. Иларион Мегленски во наслебата Железничка, кој вчера ги собра граѓаните од Штип и околните градови. И не само иконата, туку и новиот храм во оваа населба за жителите ќе биде од големо значење.
Инаку иконата беше донесеа вчера од рацете на митрополитот брегалнички г. Иларион, кој заедно со свештениците на брегалниќката епархија извршија осветување на новиот храм, кој е единствен во населбата и ќе биде свето место, кое ќе ги зближува и обединува луѓето.
Иван Митев, М-Нет