Обука за креаирање на сопствени бизниси, денес имаа средношколците од СОУ,,Димитар Мирасчиев“ Штип

Обука со цел креирање на свои сопствени бизниси, како и изработување на модни додатоци од остатоци од текстилни материјали, денес се спроведе во штипското средно текстилно училиште ,,Димитар Мирасчиев“. Директорката Марина Варадиновска, истакна дека во новото и модерно време е неопходно учениците да се поврзат и со технологијатга со цел тие научат како успешно да го развиајт својот талент.

,,Денес во просториите СОУ,,Димитар Мирасчиев, се оддржува обука со цел обучување на сите жени и млади лциа, кои што сакаат да зедат учество во креирање на свои сопствени бизниси. Да научат како да се движат во светот на дигитализацијата, затоа што живееме во време, кое што е модерно и има модерен начин на живот се е поврзано се технологиите и со дигитализацијата и се надевам дека сите наши учесници, кои што ќе бидат присутни на оваа обука ќе научат како да ги креираат своите сопствени бизниси и како успешно да го развијат својот сопствен бизнис, кои што ке бидат препознатливи на самиот пазар.“ рече Варадиновска

Професорката Наташа Тасева од училиштето вели дека е посебно горда на учениците, бидејќи тие од остатоци праве ракотворби

Инаку, настанот се оддржа во самото училиште, а на истиот присуствуваа професорите од самото училиште, како и сите заинтересирани ученици, кои имаат основна цел, а имено да бидат идни дизајнери.

Иван Митев, М-Нет