
И покрај штрајковите организирани од страна на средношколците за намалување на предметите за полагање матура, Министерството за образование и наука не попушта. Матура мора да се полага и тоа на таков начин како што е предвидено со полагање на 4 предмети. Маката или желбата, до сега направила над 14 илјади матуранти да пријават веќе матура, со цел да може да се запишат на факултетите кои ги посакуваат. Министерката за образование Царовкса, со објаснување дека нема потреба да се намалува бројот на предмети за матура за да може да се зачува квалитетот во образованието кај средношколците.
Средношколците од повеќе градови во државата почетокот на второто полугодие го започнаа офлајн без да се приклучат и да учествуваат во наставата. Меѓутоа од министерството за образование не најавуваат продолжение на учебната година или точно дефинирани санкции, за овие средношколци туку со одговор дека секое училиште посебно ќе одлучува на каков начин ќе се справи со таквата настаната ситуација. Наставата се одвива на комбиниран начин, односно се слуша онлјан предавање а дел од праксата во одредени училишта се одвива со физичко присуство, заради заштита од Ковид пандемијата. Впрочем , и ваквиот начин на одвивање настава беше главниот двигател матурантите да бараат помал број на предмети за полагање државна матура.
Лаура Стојанова М-Нет