
Екипата на Мал Ајакс од Штип е лидер на табелата во Втората футсал лига со 33 бодови и штипјани засега успешно чекорат кон патот за конечно враќање во Првата футсал лига, а со тоа Штип од следната сезона да гледа прволигашки футсал.
Балкан е на второто место на табелата со 27 бодови или шест помалку од лидерот од Штип. Амбициите и на овој тим се влез во футсал елитата на Македонија, за што тимот во зимскиот преоден рок значително се засили.
На третото место е ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе со 25 бодови и всушност овие три екипи ќе ја водат главната борба за првите две места кои директно водат кон Првата лига.
Екипата на Кораб е четврта со 22 бодови, а пак Каршиака со 20 бодови е на петтото место на табелата. Партизан Југ е шести со 18 бодови, а по 15 бодови израмнети во средината од табелата за седма седмото место се ССК Скопје, Конзули од Битола, СЕЕ Универисити, Енхалон и Кратово.
Победа е претпоследна со девет бода, а на дното е ланскиот прволигаш Карадаку со само три бода.
Александар Ванев, М-Нет