
Ракометарките на Астибо во Штип во недела ќе го пречекаат шампионот „Ѓорче Петров“, натпревар кој ќе се игра во спортската сала „Тошо Арсов“ со почеток од 12 часот.
Сосема е јасна фаворитската улога и разликата во квалитет, „лавиците“ во Штип доаѓаат како големи фаворити за нова победа.
Куманово на домашен терен ќе има тежок натпревар против фаворитот Чаир, а пак скопско дерби ќе играат Вардар и Металург Автокоманда, каде тимот од Автокоманда ќе биде фаворит за триумф.
Викендот започнува и плеј-аут сегментот, каде во рамки на првото пролетно коло кај дамите екипата на Овче Поле во Свети Николе ќе ја пречека Стружанка, Спартак ќе игра против тимот на Шампион, Респина ќе се соочи со вториот тим на Ѓорче Петров.
Во рамки на првото пролетно коло од плеј-аутот на Суперлигата слободна ќе биде екипата на Пелистер од Битола.
Александар Ванев, М-Нет