Вардар и Беса ќе играат во сабота, останатите натпревари од Прва лига в недела

ФОТО: Телевизија М Нет

Овој викенд ќе се играат натпреварите од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига. Натпреварите ќе се играат во два дена.

Колото ќе се отвори во сабота со натпреварот меѓу Вардар и Беса, а ќе мора да играат во сабота од причина што ќе се врши реконструкција на тревната подлога на Националната арена „Тодор Проески“ за мечот меѓу Макединија и Велс.

Останатите натпревари од 21. коло ќе се одиграат в недела, а во рамки на истото Гостивар ќе игра со Работнички, Шкендија против Тиквеш, Шкупи домаќин ќе биде на Пелистер, Силекс со Струга дерби во Кратово, а пак Воска Спорт на домашен терен против Брера Струмица.

Сите натпревари ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет