
По три кола во Трета лига – Исток екипата на Овче Поле е максимална со девет бодови, откако тимот од Свети Николе славеше висока победа од 4:0 над Брегалница од Делчево.
Во Пробиштип немаше победник, екипите на Рудар и Карбинци ги поделија бодовите откако одиграа 1:1, а пак Победа од Валандово однесе висока и убедлива победа во Зрновци над Светлост од 1:3.
Тиверија конечно се израдува на триумф откако со 0:2 славеше над Дојранско Езеро, а пак Малеш доживеа тежок пораз од поранешниот прволигаш Хоризонт Турново од убедливи 9:1.
Во однос на самата табела Овче Поле е прв со девет бодови, Рудар е втор со седум бодови, Хоризонт Турново и Победа Валандово имаат по шест бодови, но овие две екипи имаат меч помалку. Карбинци со четири бодови е петти, а по три бодови имаат Брегалница Делчево, Дојранско Езеро, Ударник и Тиверија, без бодови се Светлост од Зрновци како десетти и Малеш од Берово како последнопласиран.
Во Трета лига – Југ се одиграа натпреварите од втората рунда, а каде тимот на Ултрас продолжува со одличната серија на резултати, откако славеше со 4:1 над Бучин и со тоа е максимален на табелата со шест бодови, колку што има и Росоман кој пак го доби Венец со 2:3.
Борец со 4:0 беше убедлив над Влазними Јуниор, Млекар и Тополка одиграа реми со по еден гол, а пак Башкими од Јаболчиште со убедливи 6:0 го декласираше Младост, додека пак Превалец и Питу Гули одиграа 2:2.
Во Трета лига – Север второто коло донесе многу погодоци на сите натпревари, најмалку имаше на дуелот меѓу Беса од Сарај и Лопате каде домаќинот со еден гол го доби мечот.
Аеродром со 6:0 го декласираше Башкими Љуботен, БВК Коњаре со 3:1 славеше над Кадино, Ржаничино беше најубедлив на домашен терен го декласираше новиот третолигаш Отља со 7:0.
Поранешниот прволигаш Еуромилк Гл кој најави амбиции за влез во Втора лига со 4:1 беше убедлив со Фортуна.
На натпреварот меѓу Беса од Слупчане и Студеничани беа постигнати четири погодоци за делба на бодовите на двете екипи откако одиграа 2:2, а пак Куманово со 3:1 славеше над Пчиња.
Во однос на самата табела на врвот е Еуромилк ГЛ со шест бодови, а толку има и Аеродром и Куманово, а без бодови се Лопате и Отља.
Во Трета лига – Запад се одигра второто коло кое на сите натпревари донесе голем број на погодоци.
Џепчиште славеше со 4:1 над Дрита, Камјани до триумф од 2:1 над Доброшти, поранешниот прволигаш Ренова со 5:2 славеше над кичевски Влазерими, Вардар Брвеница на домашен терен запиша победа од 3:0 над Скендербег.
Два натпревари завршија без победник откако Речица и Напредок од Кичево одиграа 1:1, а пак Зајас со Љуботен одигра 2:2. На врвот од табелата е Камјани со шест бодови, а без бодови е Дрита.
На сите натпревари погодоци имаше и во рамки на 2. коло во Трета лига – Југозапад. Кравари со 3:1 славеше домашна победа над Демир Хисар, со што гостинот има втор пораз, Влазними однесе победа од 5:3 над Велешта во локално дерби, Могила и Света Троица ги поделија бодовите играјќи 2:2.
Караорман доживеа пораз во Ношпал од Напредок откако новиот третолигаш со 2:1 славеше прва победа, а пак Славеј и Кораб одиграа 1:1.
Максимални шест бодови има Влазними, а на дното без бодови се Демир Хисар и Велешта.
Александар Ванев, М-Нет