Штипски Текстилец победнички во Ресен, Овче Поле со тесна победа над Македонија ЃП, високи победи за Младост Богданци и Мулти Есенс

Второто коло во Првата ракометна лига донесе голем број на погодоци, а еден меч не се одигра откако Вардар Неготино го доби службено мечот со Кичево, бидејќи гостинот не допатува во Неготино.

Младост од Богданци со убедливи 25:48 го декласираше Партизан на гостински терен, а пак Мулти Есенс со 51:19 буквално го распадна составот на Шампион. Екипата на Аеродром со 24:30 загуби од тимот на Драчево Јуниор, а пак ракометарите на Текстилец од Штип забележаа втора победа во низа откако со 24:28 славе на гостувањето во Ресен над Преспа.

Екипата на Македонија ЃП на домашен терен забележа тесен пораз од Овче Поле откако гостинот од Свети Николе беше подобар со 28:29.

Во однос на самата табела максимални четири бодови имаат Драчево Јуниор, Мулти Есенс, Вардар неготино и Текстилец, два бода има Младост од Богданци но со меч помалку, како и Јехона. Овче Поле и Партизан исто така имаат по два бодови, а без бодови се Аеродром, Преспа, Кичево и Шампион.

Александар Ванев, М-Нет