
Македонската гајда е шестото културно наследство кое веќе неколку дена е впишано во Светска организација УНЕСКО. Министерот Зоран Љутков вели дека ова е уште еден културно дипломатски успех на земјава на меѓународен план и истото треба да биде поттик за работа. Истакна дека после седум години пауза, Македонија е повторно дел од ваквата организацвија.
„Денес објавуваме уште еден културно дипломатски успех на нашата земја на меѓународен палн, а тоа е впишувањето на шестото нематеријално културно добро „Традиционалното изработка и свирење на гајда“ во УНЕСКО.“, вели Љутков
Гајдата со нејзиниот уникатен звук е симбол на нашиот идентитет, корени, како и традиција на македонската душа. Таа е приказна која се пренесува низ генерациите, но и приказна која обединува, додава Љутков
Инаку, особена благодарност министерот Љутков истакна до оние кои што ја изработуваат, негуваат и истражуваат гајдата, а за да истата биде дел од светската организација УНЕСКО истата требаше да помине низ многу експерти.
Лаура Стојанова, М-Нет