
Високи цени, празни торби, револтирани граѓани, ваква е сликата во Штип. И покрај најавената мерка за намалувањето на цените на производите од новогодишната кошничка, сепак граѓаните на терен ваквата ситуација ја нарекуваат лук и вода. Велат дека цените се исти, а нивниот џеб и понатаму празен, па децидни се дека е тешка ситуацијата.
Имаше и такви кои што велат дека осетиле промена во однос цените во маркетите, па истакнаа дека ваквиот потег е многу добар.
Од страна на ДПИ и понатаму апелираат на голема внимателност до трговците, како и до купувачите доколку забележат неправилности во однос мерката да пријават на телефонскиот број 191 или нивната веб страна.
Инаку мерката ќе трае заклучно до 15 јануари, а во последната изјава за новогодишната кошничка на премиерот Мицкоски беше истакнато дека бројката на производи во истата е зголемена за 200 и тоа наместо 600 бројката достигна до нешто повеќе од 800 производи со намалена цена.
Лаура Стојанова, М-Нет