Македонија утре гостува кај Швајцарија: Ќе се бара изненадување за позитивен резултат, но и гол

Македонската фудбалска репрезентација ја продолжува резултатската криза, откако доживеа пораз во Скопје од Шкотска со 0:2, во меч од третото коло на Лига на нации.

Шкотска на Националната арена „Тодор Проески“ ја доби Македонија и стави крај на резултатската криза, бидејќи на победа чекаше од 14 јуни кога славеше на Хаити со 0:1.

Но, Македонија на победа чека од 7 септември минатата година, но чекам и на гол, бидејќи нашата репрезентација последен пат гол постигна на 18 ноември минатата година против Велс, кога бевме поразени со 7:1.

Време за одмор нема, бидејќи веќе утре Македонија ќе игра против лидерот во нашата група Швајцарија. Во Луцерн повеќе од јасно е дека Швајцарија ќе биде голем фаворит, а Македонија ќе се обиде да направи изненадување, па макар да постигнеме и гол.

Македонија има три порази во Лигата на нации, откако во првото коло бевме поразени од Швајцарија во Скопје со 0:3, во меч каде според официјалните статистики немавме ни удар во голот. Следуваше гостувањето во Љубљана каде претрпевме пораз од 2:0 од Словенија, а во саботата загубивме и од Шкотска со 0:2.

Во само 11 дена се играат дури четири мечеви. По комплетирањето на овој прозорец, ќе останат уште два натпревари. На 13 ноември Македонија ќе гостува кај репрезентацијата на Шкотска, додека пак на 16 ноември ќе играме на домашен терен против Словенија.

Македонската репрезентација на седум натпревари нема постигнато гол, додека пак имаме резултатска криза со 11 натпревари во низа без победа, со четири порази во низа.

Александар Ванев, М-Нет