
Фудбалскиот клуб Вардар ја продолжи соработката со штипјанецот Бобан Николов, двете страни ставија потпис на договор во времетраење од три години, односно 31-годишниот фудбалер ќе го носи дресот на најтројфениот македонски фудбалски клуб до 30 јуни 2029 година.
Клубот исто така информираше дека е продолжена соработката со Дарко Велковски, а двете страни ставија потпис на договор кој ќе има важност до 30 јуни 2027 година.
Новиот шампион на Македонија го претстави и новиот тренер – Кристијан Фабијани, аргентински стратег со богато фудбалско и тренерско искуство, со јасна визија за модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал.
„Болен сум по тактика“ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво, велат од македонскиот шампион.
Вардар го крои тимот со кој оваа лето ќе настапи во квалификациите за Лигата на шампионите.
Александар Ванев, М-Нет