
Фудбалските прволигаши комбинирано, денес и утре ќе ги одиграат натпреварите од 17 коло. Денес на програмата ќе биде натпреварот помеѓу Ренова и Шкупи а утре,недела ќе се одиграат преостанатите 5 натпревари. Лидерот Шкендија ќе гостува во Струмица, а во Скопје ќе се сретнат Вардар и Македонија ЃП. Во ова коло повторно правдата е доделена на штипска судиска тројка која ќе суди во Струга и тоа главен ќе биде Крумислав Ѓоргиев апомошници ќе му бидат Никола Караколев и Кристијан Џонов. Еве ги комплетните парови за ова 17 коло:
Сабота
Ренова – Шкупи
Недела
А.Пандев – Шкендија
Борец – Силекс
Струга Т Л – Работнички
Вардар – Работнички
Пелистер – Беласица
Сите натпревари се со почеток во 13.00 часот без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk