
Синоќа се одиграа воведните два натпревари во рамките од 8 коло на Првата Футсал лига на Македонија. Во Кратово се водеше жестока борба во која беа постигнати дури 13 голови и во кој натпревар тимот на Астибо од Штип славеше победа изразена со резултат 6:7. Во вториот меч во Велес беа поделени бодовите помеѓу екипите на Кеги Моби и Црна Река а резултатот беше 3:3. Вечерва во Штип ќе играат Мал Ајакс – Железарец а 8 коло ќе се комплетира во недела а вниманието ќе биде насочено особено кон Скопје на дерби натпреварот Шкупи – Арбен Бајрами. Еве ги комплетните двојки од ова 8 коло:
Кратово – Астибо 6:7
Кеги Моби – Црна Река 3:3
Мал Ајакс – Железарец – сабота
Шкупи – Арбен Бајрами – недела
Карадаку – Јувентус – недела
Велес – Проект Цико – недела
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk