Протести на средношколци и во Македонска Каменица кои бараат укинување на матура

Во Македонска Каменица повторно имаше штрајк овој пат станува збор за средношколците од завршна година кои бараат да се укине полагање на државна матура поради тоа што во услови кога наставата се следи преку интернет, според учениците имаат изгубено добар дел од материјалот.

Денес сме добрани тука во најголем можен број да им ја дадеме нашата подршка на сите матуранти на територијата на Македонија за укинување на државната матура. Тука сме бидејќи сме спремни да се бориме за нашите права и да дејствуваме со цел да направиме промена. Во овој случај се чувствуваме многу обезправени воедно и осакатени зошто изгубивме многу од потребниот материјал.

Овогодинешните матуранти од Македонска Каменица својот револт и барања ги искажаа пред зградата на локалната самоуправа објект во кој се лоцирани повеќето локални институции.

Како можеме да полагаме државна матура кога немаме услови за настава со физичко присуство, можеме да кажеме дека ние сме генерација на експериментални глувчиња поради тоа што први бевме за полагање на екстерно тестирање, потоа Кембриџ програмата, сега први сме што ќе полагаме државна матура во вакви услови. Секојдневно не известуваат за нови начини на утврдување на нашето знаење, а никој не се залага за правилно предавање на материјалот, во нас тлее страв дека ќе се заразиме поради тоа што ќе мора државната матура да ја полагаме во просторија која што не е доволно голема и нема да биде сигурно доволно обезбедена и можеме да се заразиме.

Учениците се со став дека кога наставата се одвива од дома ќе може ли и на кој начин се планира реализацијата за полагање на матура која треба да се одржи месец јуни идната година.