Лидерот Шкендија денес ќе игра во Велес, останатите 5 прволигашки средби ќе се одиграат во недела

Фудбалските прволигаши денес и утре комбинирано ќе ги одиграат натпреварите од редовното 15 коло. Денес на програмата ќе биде само еден натпревар и тоа во Велес каде што на градскиот стадион „Зоран Паунов“ќе се сретнат домашниот тим Борец и лидерот на табелата, тетовска Шкендија. Мошне интересно ќе биде и на натпреварот во Скопје каде што силите ќе ги одмерат традиционалните лути ривали Вардар и Работнички. Овој натпревар како и останатите 4 средби ќе се одиграат утре,недела.Еве ги комплетните парови за ова 15 коло:

сабота 5 декември 13.00 ч.

  1. Борец – Шкендија

недела 6 декември 13.00 ч.

2. Струга Трим Лум – Академија Пандев

3. Ренова – Силекс

4. Вардар – Работнички

5. Пелистер – Шкупи

6. Беласица – Македонија ЃП

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk