Брегалница на едно коло пред крајот е веќе есенски второлигашки шампион

Екипата на Брегалница денес на градскиот стадион во Штип во претпоследниот меч од оваа сезона го победи тимот на Кит Го Пехчево со резултат 2:0 (2:0). Брегалница мошне рано, уште во третата минута дојде во водство од 1:0 со голот што го постигна Дарко Додев по одлична акција по левата страна. Играчот на Кит Го Ступиќ имаше сто настотна шанса да го израмни резултатот, но извонредно реагираше голманот на Брегалница Денковски кој спаси чист гол. Дарко Додев во 40 минута беше повторно стрелец за 2:0 за Брегалница по грешка на одбраната на Кит Го. Со овој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме се извршија повеќе замени кај обете екипи, имаше многу поволни шанси на обете страни, но благодарејќи на одличните одбрани на голманите Денковски и особено на Богдановски гол немаше и натпреварот Брегалница – Кит Го Пехчево заврши со резултат 2:0 и Брегалница на едно коло пред крајот е есенски второлигашки шампион во источната група.

Натпреварот мина во мошне фер и коректна атмосфера и со одлична „свирка“ на женската судиска четворка на чело со главната Ирена Велевачковска од Прилеп. Еве ги комплетните резултати од ова 15 коло:

  1. Брегалница – Кит Го Пехчево 2:0
  2. Тиквеш – Слога 4:2
  3. Осогово – Победа 2:0
  4. Кожув – Росоман 3:2
  5. Плачковица – Каменица Саса 1:1

Табела

  1. Брегалница 39
  2. Тиквеш 34
  3. Кожув 25
  4. Слога В 20
  5. Кит Го П 19
  6. Каменица С 17
  7. Осогово 16
  8. Победа 13
  9. Плачковица 11
  10. Росоман 8

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk