
Одбојкарите на УГД Штип во рамки на 3. вонредно коло од Првата лига запишаа нова висока и убедлива победа од 3:0 во сетови над Лирија на домашен терен.
Во првиот сет Лирија се обиде да парира и да пружи отпор, но штипјани сетот го добија со 25:17. Во вториот сет штипските одбојкари беа пресилни за 25:10, а третиот сет го добија со 25:13.
Борец со 3:1 славеше над Универзитет Тетово, Шкендија беше пресилна со 3:0 над Скопје, Македонија Џио со 3:2 славеше над Сушево, а пак Весна Пробиштип дома загуби од Работнички.
Колото ќе се комплетира вечерва со мечот меѓу Вардар и Јанта Волеј.
Веќе утре ќе се одиграат натпреварите од редовното 4. коло во кое Јанта Волеј ќе го пречека лидерот Штип УГД, Лирија ќе игра со Весна Пробиштип, Струмица против Вардар, Шкендија ќе игра со Македонија Џио, Универзитет Тетово ќе го пречека Скопје, а пак Работнички ќе игра против Борец во дерби на колото.
Александар Ванев, М-Нет