Дерби во Свети Николе на Овче Поле и штипски Мал Ајакс, Балкан домаќин на Кораби!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Втората футсал лига, а дербито на колото се игра во Свети Николе меѓу ланскиот прволигаш Овче Поле и штипски Мал Ајакс, дерби на двата непоразени тимот на табелата кои по три одиграни кола се максимални на табелата.

Овче Поле сака експресно да се врати во Првата лига и одлично ја отвори сезоната, а исто така одличен почеток на сезоната имаат и штипјани.

Карадаку ќе игра против Партизан Југ на домаеш нерен во меч каде Карадаку ќе ја бара првата сезонска победа, но и први бодови, Балкан на домашен терен ќе игра против лидерот Кораби во меч каде трите бодови се императив и на двете страни, а пак Каршиака ќе игра против ССК Скопје.

Колото ќе се отвори вечерва во Тетово со мечот меѓу СЕЕ Университи и Победа, а ќе се затвори во понеделник со мечот меѓу Енхалон и Конзули, останатите мечеви се играат во недела.

Александар Ванев, М-Нет