Неизвесна борба во Втора лига за местата кои водат кон Прва лига, неизвесно и во долниот дел!

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 11. коло во Втората лига, а во спортскиот магазин Трибина на М Нет ја анализиравме табелата во Втората лига и практично што може да очекуваме до крајот на есенската полусезона

Веќе утре ќе се одигра супер дербито меѓу Македонија ЃП и Брегалница, дерби на двата лански прволигаши кое ќе може да го следите на М Нет телевизија.

Од втор план сериозно се наметнува Арсими за местата кои водат кон Првата лига.

Охрид по тренерската промена има шест од шест, а средишниот дел од табелата е доста израмнет.

Беласица гради млад тим и успева во таа намера, резултати веќе доаѓаат на виделина, а тимот има прогрес на табелата.

Натпреварите од 11. коло се играат утре со почеток од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет