И по неколку децении проблемот со јаловишната депонија во Општина Пробиштип останува нерешен. Обиди имаше неколкупати до сега но од разни причини граѓаните се уште се сведоци на депонијата која преставува вистински извор на заразни болести. Градоначалникот Драган Анастасов, вели дека најбрз начин за решавање на проблемот е со техничка исправка, за да не се оди со обединета постапка.

„Нашиот најбрз начин беше со техничка исправка. За да не се оди со обединета постапка која е како да носиш нов ГУП, изгубивме нњколку месци. Јас овде имам постапки на општини кои направиле техниичка исправка, каде бројот е повеќе од 370 постапки од голем број на општини.„ вели Анастасов.
Летниот период е чиста позоицијата за општината и планерите да продолжат со обидите на решавање на овој проблем. Ако се пристапи кон решение јаловишната депонија по долги години ќе биде историја за Пробиштип.
„Постапките течат од страна на самите планери, но она што ни останува е летниот периос каде ќе имаме чиста позиција за да општината влезе во обид за решавање на овој проблем.„ додава Анастасов.
Анастасов потенцира дека заради опструкциите кои се појавувале во Советот на Општина Пробиштип, се уште стои не решен проблемот со јаловиштето.
Инаку,на местото на јаловишната депонија треба да се изградат фотонапонски централи.
Лаура Стојанова М Нет