Семесјтвото Тасеви во штипското село Сарчиево живеат и огледуваат околу 500 овци. Шест члена од семејството од утро до мрак работат и се трудат за да произведат млеко и сирење. Сега пред Велигден велат се бараат и жива мера јагниња, па од тоа живеат. Ама тешко ако немаш храна, бидејќи скапо е да купиш, а најголем проблем се овчарите, оти бараат големи плати, а се помалку лица прифаќаат да работат таква работа.
„Највредно овчар, ако немаш овчар бадијала е. А, овчарите се скапи, илјада евра месечно бараат. 12 илјади евра годишно треба да се дадат за овчар. Плус храна ако немаш и храна треба да купеш, скапа храна и така. Ама не останаа лица, нема такви, старите додека се живи така и така, младите не сакаат да работат. Ние шест души одгледуваме 500 овци.“ – вели Тасев.

И додека од една страна бара вложување, работа и труд одгледувањето на овци од друга страна цената за жива мера е далку од исплатлива. Од сточарите јагнешкото се купува за 250 денари колограм жива мера, а по месарниците за килограм јагнешко се бара и по 800 денари.
„На мене не ми е тешко, за другите не знам, работам си и сакам да работам. Има откуп на јегнешко, цената за нас е неисплатлива ама како за сите така и за нас. Жива мера јагнешко беше 250 денари, сега 230 денари. Би требало за Велигден побарувачката да се зголеми“ – додава Тасева.
Инаку, во селото Сарчиево семејството Тасеви одгледуваат околу 500 овци, овде живеат најголем дел од својот живот и продолжуваат да се занимаваат со сточарсто.
Лаура Стојанова М Нет