Лекар од Итната медицинска помош во Штип позитивен на КОВИД 19

Коронавирусот ја зафати Итната медицинска помош во Штип. Еден лекар е позитивен и за сега петмина од медицинскиот кадар се во изолација.  Се работи за лекар кој утринава е потврден како позитивен. Тој и неговите колеги со кои работи во смена, од недела не биле на работа.

Доколку вирусот не се прошири, Итната медицинска помош во Штип нормално продолжува со работа – рече д-р Снежана Трајковска, Директор на ЈЗУ „Панче Караѓозов“ Штип.

Д-р Снежана Трајковска, Директор на ЈЗУ „Панче Караѓозов“ Штип

Над 170 казни на правни и физички лица за непочитување на препораките се изречени од страна на штипското обвинителство, но ефектите не задоволуваат, заради што треба да се зајакнат превентивните мерки, смета Благој Бочварски градоначалникот на Штип.

Благој Бочварски – градоначалник на Општина Штип

Штипјани може да се изборат со оваа зараза само со доследно почитување на превентивните мерки, вели градоначалникот, а општината помага со зачестени дезинфекции на јавните површини. Во моментот како резултат на ширење на коронавирусот во Штип, една текстилна компанија не работи, шест работат со намален капацитет, а се`уште под клуч се Подрачната единица на Фондот за пензиско осигурување и Друштвото за стопанисување со станбен и деловен простор.

СЛАВИЦА ВЕЛИЧКОВСКА / МНет