„Вложуваме во правилен детски развој и заштита“ -Емилија Рамбабова кандидатка за пратеничка од СДСМ во ИЕ 3

„Вложуваме, градиме, се грижиме. Во инфраструктурата се реализираат проекти како никогаш досега“ – ова на денес одржаната прес конференција го изјави Емилија Рамбабова, штипската кандидатка за пратеничка од СДСМ во ИЕ 3.

Рамбабова потенцираше дека многу е вложувано во детските градинки, во правилниот детски развој и заштита, затоа што секое го дете заслужува тоа, како на ниво на држава, така и на локално ниво. Истакнувајќи ги инвестициите во 44 градинки и објекти за ран детски развој, каде се создадени услови за сместување на 3000 предучилишни деца, Рамбабова додаде и дека веќе се обезбедени средства за нови инклузивни и енергетски ефикасни детски градинки. На прес конференцијата, Емилија Рамбабова ги истакна и сите проекти реализирани во Општина Штип.

Дополнителни 15 мил. евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки кои ќе значат нови 7.500 места за згрижување на деца во градинките. Во изминатиот период само во Штип инвестиравме во нова детска градинка во населба Сењак, со што го решивме проблемот со прием на дечиња во градинките. Повеќе нема чекање за запишување во градинки. Исто така, обезбедивме нови прозорци за градинката во населба Осми Ноември, а ги реновиравме и реконструиравме постоечките клонови на градинките – рече Рамбабова.