Прес на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип

Во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ ШТИП денес од страна на Вишна Шорова – Ангелова беше одржана прес конференција.

Во продолжение проследете го интегралниот текст од прес конференцијата:

Почитувани,

Несправувањето на власта со пандемијата е само врвот од сантата која се создаваше изминативе години. Македонија беше преплавена со афери и криминали на кои би и’ подзавиделе и светски познати мафии.

Нема сектор во кој СДС не си ги извалка рацете и не докажа дека не знае како да практикува чесна власт и еднаквост во управувањето.

На оваа Влада не и’ беше доволно тоа што го разниша вековното чувство за припадност на народот, туку посегна и по џебот на граѓаните.

Пензионерите останаа со подотворени усти кога беше обелоденето дека во пензискиот фонд фалат 19 милиони евра, меѓутоа до денес остана неодговорено прашањето каде завршија овие тешко заработени пари. Компаниите кои со години чесно работат и со пот си го заработуваат лебот, беа запрепастени од начинот на кој власта делела тендери само на истомисленици. Грабежот кој се случи преку поделбата на пари на роднини и пријатели на највисокиот ешалон на власта, преку Фондот за иновации, беше еден од најдемотивирачките моменти за оние кои се’ уште иднината ја гледаат во оваа држава.

Ова се само неколку од аферите со кои се соочивме изминативе  години. Ниту една немаше позитивна завршница, туку со секоја дополнителна изјава и оправдување, власта тонеше во својата неубедлива приказна.

Но, едно е сигурно. Македонија не заборава!