Кривична пријава за дилер на дрога од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(26) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.07.2020 во Штип, полициски службеници кај пријавениот пронашле марихуана.