ВМРО ДПМНЕ со апелација до власта за одолжување на престојните предвремени локални избори во Штип. Имено, на 13 декември штипјани треба да добијат нов татко на градот, откако претходниот градоначалник Благој Бочварски беше именуван за министер за транспорт и врски. Изборите треба да се одржат во време на пандемија, кадешто бројот на заразени секојдневно рапидно расте. Со почитување на строгите мерки за заштита од Корона вирусот, ова треба да се втори предвремени избори во една година на нива на државата во време на пандемија.
Утре, осми ноември е крајниот рок за поднесување на предлог за кандидат за градоначаник. Откако претходно од СДСМ го изнесоа својот став, кандидат за иден градоначалник на градот под Исарот, д-р Сашко Николов, од ВМРО ДПМНЕ со сугестија дека во време на пандемија не е погодно да се зборува за политика.