Крводарителски акции се организираат во соработка со општествено одговорни компании во Штип

Општествено одговорни компании се приклучуваат кон инцијативата на Трансфузиона медицина Штип за организирање крводарителски акции со што во летниот период се собираат доволни количини крв. Таква крводарителска акција се спроведе и во текот на денешниот ден, на што се одзваа вработени од една приватна општествено одговорна компанија.

„Вработените несебично одовија дел од своето драгоцено време и ја поддржаа иницијативата која има директно влијание врз спасување човечки животи. Особено многу важно е што ова се случува во овој летен период кога залихите на крв и крвни компоненти навистина се ограничени.“ – вели Шорова.

Во оваа прилика доктор Шорова ги покани сите компании на територија на Штип да ја прифатат иницијативата и да се организираат повеќе крводарителски акции, со што би се собрале повеќе крвни единици и би се помогнало на повеќе луѓе.

„Воедно ја користам приликата да ги поканам сите компании државни и приватни во нашиот град да се вклучат во оваа приватна мисија и да ни дадат поддршка за крводарување. Морам да напоемна дека во текот на вчерашниот ден реализиравме една успешна крводарителска акција. Во летниот период со оглед на тоа дека луѓето се на одмори имаме намален одзив од нашите редовни крводарители.“ – додава Шорова.

Во меѓувреме освен на организираните редовни или вонредни крводарителски акции сите кои се заинтересирани и се во можност може да даруваат крв во Центарот за трансфузиона медицина Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет