
Свежо времето пред Илинден, највисоките температури до 31 степен. Особено во четврток, кога ќе има услови за поизразена нестабилност со локален пороен дожд. Како што соопштија синоптичарите за М-Нет телевизија, до крајот на овој месец и почетокот на следниот, времето ќе биде свежо со пониски температури, различно од претходните години.
,,Mаксималната температура во земјва ќе се движи од 27 до 35 степени. Во Штип и околината променливо облачно со засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 33 степени. Променливо облачно време со сончеви периоди ќе се задржи и во следните два дена, со тоа што во четврток ќе има услови за поизразена нестабилност, со локален пороен дожд, грмежи, како и ќе има услови за краткотрајно невреме. Температурите од 24 до 33 степени, во Штип до 31 степен.“, рече Ризова
Според досегашните материјали, засега жештина нема да има рече синоптичарот Ризова. Децидна дека и дождот ќе биде активен во некој региони.
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Индексот на квалитетот на воздухот денес изнесува 46 ниво просечно. Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност.
Иван Митев, М-Нет