
Екипата на Баскет Кам утре ја отвара новата сезона во Првата женска кошаркарска лига, екипата од Македонска Каменица има една цел во новата сезона – одбрана на титулата.
Кошаркарките од малото рударско гратче сезоната ја отвара против МЗТ Бела Вода, меч кој се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, а почетокот на мечот е закажан за во 18:30 часот.
Вчера, беа одиграни три натпревари, а на истите, тимот на Пробаскет загуби на домашен терен од 83:87 од екипат на Бадел, а пак Вардар беше пресилен за Спорт Тим со 94:50.
Екипата на Крива Паланка однесе убедлива победа откако го декласираше Патриот од Делчево со 103:44.
Александар Ванев, М-Нет