
Џиу-џицу клубот Осенсеи од Штип забележа огромен резултат на силниот меѓународен турнир „Сараево Опен 2025“ во Босна и Херцеговина, а од каде натпреварувачите се враќаат со медали и ново позитивно искуство за нив.
Штипскиот клуб постигна одлични резултати, откако претходно имаше одлични подготовки за овој турнир на кој имаше силна конкуреција со учество на 712 борци од 31 клуб, а кои пристигнаа од девет држави.
За џиу-џицу клубот Осенсеи златен медал освои Данил Николиски, сребрен медал или второ место за Матеј Нофитов, а пак третото место му припадна на Јован Николоски кој го освои бронзениот медал.
Четврто место освоија Нина Карова и Јован Шишков, а пак седом место за Никола Коцев, што е потврда за одличните резултати на натпреварувачите од штипски клуб, а под водство на тренерот Александар Ацевски.
Иако Карова, Шишков и Коцев не освоија медали, сепак за нив ова е големо искуство за следните предизвиците во нивните кариери.
Следен предизвик за Данил Николиски и Катерина Ацевска ќе биде Светското првенство кое ќе се одржи во период од 1 до 10 ноември годинава во Тајланд.
Александар Ванев, М-Нет