КК Соколи утре во „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се соочи со Борец Баскет

Кошаркарите на Соколи новата сезона во Првата лига ја отвараат утре, среда со натпреварот против Борец Баскет, во меч кој ќе се одигра во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.

Ова ќе биде дерби на две екипи кои и минатата сезона водеа борба за влез во елитата.

Првата кошаркарска лига или ланската Втора лига се игра во изменет концепт со две групи по седум екипи, а на крајот од регуларниот дел првите четири од двете групи ќе се соочат во плеј-офот, а останатите во плеј-аутот.

Токму затоа и битката за секој бод на теренот ќе биде голема. Штипјани ќе имаат фаворитска улога поради домашниот терен и тоа што ќе имаат силна поддршка од трибините, додека пак Борец Баскет ќе се обиде на тешкиот терен во Штип да дојде до триумф против Соколи.

Натпреварот од првото воведно коло меѓу Соколи и Борец Баскет од Велес ќе започне во 18 часот.

Инаку, овие две екипи се во групата Б каде освен нив играат и екипите на Овче Поле, Спортисимо, Бутел, Струмица ФМП и Ролинг.

Александар Ванев, М-Нет