Кочани на тешко гостување кај Каменица Саса, шампионот Љуботен против Тиверија Брера

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Седмата рунда од Првата женска фудбалска лига се отвара утре со четири натпревари, а истата ќе се комплетира на 2 октомври со натпреварот меѓу Ас Јунајтед и Речица, каде струшкиот тим ќе биде голем фаворит.

В недела последнопласираниот Кочани го очекува многу тешко гостување кај Каменица Саса, „рударките“ ќе бидат големи фаворити за трите бодови, со оглед на тоа што располагаат со далеку поквалитет тим, па во вакви околности се освен победа за Саса ќе биде големо изненадување.

Новајлијата Вардар на домашен терен ќе се соочи со Скопје, каде гостинот ќе биде голем фаворит за трите бодови, а Вардар ќе се обиде да извлече барем бод од искусниит противник.

Шампионот Љуботен ќе се соочи со Тиверија Брера, но дербито меѓу овие две екипи од минатата сезона го изгуби сјајот. Струмичкиот тим годинава не се бори за титула, се фокусира да стави акцент на младите фудбалерки од својата школа, кои добиваат шанса и се гради тим за високи дострели за следните сезони.

Но, сигурно е дека нема така лесно Тиверија Брера да се предаде, а Љуботен на домашен терен ќе оди на седум од седум.

Истатов на домашен терен како голем фаворит ќе се судри со Топ Гол од Битола, каде тимот на Истатов ќе оди по четврто славје и можност за прогрес до четвртата позиција.

Александар Ванев, М-Нет