Радовишка Плачковица гостува кај Слободен, дерби на Порече и Билјанини Извори

ФОТО: Александар Ванев

Екипата на Плачковица од Радовиш утре ќе гостува кај Слободен во натпревар од 3. коло на Втората женска фудбалска лига. Домаќинот ќе се бори за второ славје, за нови три бодови, а пак радовишанки ќе ги бараат првите бодови и првиот триумф во новата сезона. Очекуваме неизвесен и интересен натпревар.

Конзули во Битола како апсолутен фаворит ќе се соочи со Борец од Велес, тука се е јасно, трите бодови повеќе од сигурно остануваат во Битола.

Дербито на колото ќе се одигра во Македонски Брод каде силите ќе ги одмерат Порече и Билјанини Извори од Охрид во меч каде Порече сака три од три, а пак охридскиот тим ќе бара второ славје. Ова ќе биде дуел и на две екипи кои ќе се борат за првото место, иако повеќе акцентот ќе биде за тоа второ место и за баражот со оглед дека Конзули има голем квалитет во своите редови и лесно треба да стигне до својата цел да биде шампион и да се пласира во Првата женска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет