
Шестата рунда од Втората македонска фудбалска лига ќе се комплетира утре, со натпреварот меѓу Тетекс и Беласица, меч каде струмичани кои немаат пораз ги очекува незгодно гостување.
Беласица игра во одлична форма со едно реми и четири победи во низа и го дели врвот од табелата со Брегалница, а пак Тетекс е десетти на табелат со шест бодови.
Домашниот терен е силна страна за „штофарите“ кои двете победи ги имаат на домашен терен, а в гости имаат три порази, сега Беласица ја очекува тешко гостување и ќе се обиде да го порази Тетекс на теренот во тетовско Јегуновце.
Одбраната не е во некоја идеална ситуација на домашниот тим, а пак Беласица е со една од најдобрите одбрани, а пак нападот е двојно пофунционален на Беласица со 14 постигнати погодоци во однос на тој на Тетекс кој има седум реализирани погодоци.
Трите бодови се императив и за двете страни Беласица сака триумф со цел да го чува врвот, а пак Тетекс со триумф би можел да се искачи во средината од табелата.
Натпреварот се игра утре, недела од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет