
Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 22. коло на Првата женска фудбалска лига, а во кое коло Кочани на домашен терен ќе го пречека лидерот и нов шампион Скопје.
Повеќе од јасно е преголема разлика во квалитетот и шансите за изненадување се минимални, бидејќи Скопје е повеќе од асполутен фаворит за своето 21-во сезонско славје и нови три бодови.
Во Македонска Каменица ќе се одигра дерби натпревар меѓу Каменица Саса и Истатов. „Рударките“ го имаат петтото место со 36 бодови и ќе бараат триумф за да го сочуваат истото, додека пак Истатов е трет со 44 бодови и го напаѓа второто место каде е Тиверија Брера со бод повеќе.
Токму Тиверија Брера ќе гостува во Битола, каде ќе игра одново против Топ Гол. Струмичани се апсолутни фаворити за трите бодови, а овие две екипи се соочија во средата кога во полуфиналето од Купот на Македонија со 1:6 славеа за влез во финалето. Јасно е дека трите бодови ќе одат во Струмица.
Речица на домашен терен ќе го пречека Вардар во неизвесен меч за трите бодови, додека пак во Тетово ќе се игра мечот меѓу Љуботен и Ас Јунајтед, каде по прашалник е домашниот тим во каков состав и со кои фудбалерки ќе настапи против струшкиот тим.
Александар Ванев, М-Нет